П. за испр. факс

Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу:

Факс > Мени > П. за испр. факс

Дир. испраќање:

Испраќа факс во црно-бело додека се скенираат оригиналите. Бидејќи скенираните оригинали не се складираат привремено во меморијата на печатачот дури и кога испраќате голем број страници, може да избегнете грешки на печатачот поради недостиг на меморија. Имајте предвид дека ако ја користите функцијава, испраќањето ќе трае подолго. Поврзани информации за темава може да видите подолу.

Не може да ја користите оваа функција кога испраќате факс до повеќе примачи.

Испрати факс подоцна:

Испраќа факс во времето што сте го одредиле. Кога ја користите оваа опција, достапен е само факс во црно-бело. Поврзани информации за темава може да видите подолу.

Дод. праќач:

Изберете ја позицијата каде што сакате да ги вклучите информациите за заглавјето (името на испраќач и бројот на факс) во појдовниот факс или да не ги вклучите информациите.

  • Исклучено: Испраќа факс без информации во заглваието.

  • Надвор од сликата: Испраќа факс со информации во заглавието во горната бела маргина на факсот. На овој начин заглавјето не се преклопува со скенираната слика, меѓутоа, примениот факс од примачот може да биде отпечатен на два листа во зависност од големината на оригиналите.

  • Внатре во сликата: Испраќа факс со информации во заглавие за околу 7 mm пониско од горниот дел на скенираната слика. Иако заглавјето може да се преклопува со сликата, примениот факс од примачот нема да биде поделен на два документа.

Дод. праќач:

Заглавие на факс

Изберете заглавје за примачот. За да ја користите оваа функција, треба однапред да регистрирате повеќе заглавја.

Дополнителни инфо. за Заглавје:

Изберете ги информациите што сакате да ги додадете. Може да изберете од Ваш телефонски број и Листа на дестин..

Изв. за трансм.:

Отпечатува извештај за пренос откако ќе испратите факс.

П. во сл. на греш. отпечатува извештај само кога ќе се појави грешка.

Кога Прикачи ја сл. од факсот на извеш. е поставено во Поставки > Поставки на факс > Пост. за извештај, со извештајот се печатат и факсовите со грешки.