На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени:
Поставки > Поставки на факс > Поставки за прием
Мени Поставки за прием
Зач. во компј.
Ги зачувува примените факсови како PDF-датотеки на компјутер поврзан со печатачот. Ова може да го поставите само на Да користејќи ја FAX Utility (апликација). Не може да го овозможите ова од контролната табла на печатачот. Однапред инсталирајте ја FAX Utility на компјутерот. Откако ќе го поставите ова на Да, може да го промените во Да и печати од контролната табла на печатачот.
Авто. намал.
Ги печати примените факсови со големи документи намалени да одговараат на хартијата во изворот на хартија. Намалувањето не е секогаш можно и зависи од примените податоци. Ако ова е исклучено, големите документи ќе се печатат во нивната изворна големина на повеќе листови или може да се исфрли празна втора страница.
Пос. за под. стр.
Ги печати примените факсови со поделба на страници кога големината на примените документи е поголема од големината на хартијата ставена во печатачот.
Авто. ротација
Ги ротира примените факсови како документи со големина A5 во ориентација пејзаж, за да се отпечатат на хартија со големина A5. Поставкава се применува кога поставката за големина на хартија за најмалку еден извор на хартија што се користи за печатење факсови е поставена на A5.
Ако изберете Исклучено, факсовите примени во големина A5 во ориентација пејзаж, коишто имаат иста ширина како документите A4 во ориентација портрет, ќе се претпостави дека се факсови со големина A4 и ќе се отпечатат како такви.
Проверете ја поставката за големина на хартијата во Поставки > Поставување на печатачот > Пост. за изв. хар..
Додај информации за прием
Ја печати информацијата за прием во примениот факс, дури и кога испраќачот не поставил информации во заглавјето. Информациите за прием вклучуваат датум и време на приемот, идентификациски број на испраќачот и број на страницата (како на пример „P1“). Кога Пос. за под. стр. е овозможено, вклучен е и бројот на страницата за поделба.
Вре. за поч. на печ.
Изберете опции за почетокот на печатењето на примените факсови.
Сите страници се примени: Печатењето започнува по приемот на сите страници. Дали печатењето ќе започне од првата или од последната страница, зависи од поставката за функцијата Сортирани листови. Видете го објаснувањето за Сортирани листови.
Првата страница е примена: Започнува со печатење кога ќе ја прими првата страница и потоа печати како што ги добива страниците. Ако печатачот не може да започне со печатење, како на пример кога печати други задачи, печатачот започнува да ги печати примените страници како серија кога е достапно.
Сортирани листови
Бидејќи првата страница се печати последна (излегува на врвот), отпечатените документи се редат со правилниот распоред на страниците. Кога печатачот нема доволно слободна меморија, оваа функција може да биде недостапна.
Вре. за сус. на печ.
Во текот на временскиот период што сте го одредиле од Вр. за стоп. до Рестартирај, печатачот ги зачувува примените документи во својата меморија, без да ги печати. Оваа опција може да се користи за спречување бучава навечер или за да се спречи откривање доверливи документи додека сте отсутни. Пред да ја користите оваа функција, проверете дали има доволно меморија. Кога ќе го поставите ова на Исклучено, може да ги отпечатите примените документи дури и пред времето за рестартирање.
Тивок режим
Ја намалува бучавата што ја прави печатачот при печатење факсови, меѓутоа брзината на печатење може да биде намалена.