Може автоматски да поставите Wi-Fi мрежа со притискање на копчето на безжичниот рутер. Ако следниве услови се исполнети, може да ја поставите на овој начин.
Безжичниот рутер е компатибилен со WPS (Заштитено поставување Wi-Fi).
Тековната Wi-Fi врска е воспоставена со притискање копче на безжичниот рутер.
Изберете Wi-Fi поставување на почетниот екран.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Изберете Wi-Fi (Препорачано).
Притиснете го копчето OK за да продолжите.
Изберете Поставување на прит. копче (WPS).
Држете го притиснато копчето [WPS] на безжичниот рутер додека да затрепка безбедносното светло.

Ако не знаете каде се наоѓа копчето [WPS], или нема копчиња на безжичниот рутер, за повеќе информации погледнете во документацијата испорачана со безжичниот рутер.
Притиснете го копчето OK на контролната табла на печатачот. Потоа, следете ги инструкциите на екранот.
Ако поврзувањето не успева, рестартирајте го безжичниот насочувач, поместете го поблизу до печатачот и обидете се повторно. Ако и понатаму не работи, отпечатете извештај за мрежната врска и проверете го решението.