Функцијата за скенирање може да ја користите на разни начини, за што поголема практичност.
Ако скенирате хартиен документ и го претворите во дигитални податоци, може да го читате на компјутер или на паметен уред.
Ако скенирате билети или флаери и ги претворите во дигитални податоци, може да се ослободите од оригиналите и да го намалите нередот.
Ако скенирате важни документи, може да направите резервни копии од нив во услугите во облак или во друг простор за складирање, па ќе имате резерва во случај да се изгубат.
Скенираните фотографии или документи може да им ги испраќате на пријателите преку е-пошта.
Ако скенирате рачно нацртани илустрации и сл., може да ги споделувате на друштвените медиуми со многу повисок квалитет, отколку само со фотографирање со паметниот уред.
Ако ги скенирате омилените страници од весници или списанија, може да ги зачувате и да се ослободите од оригиналите.