> Скенирање > Скенирање оригинали во компјутер > Скенирање од контролната табла

Скенирање од контролната табла

Белешка:

За да ја користите функцијава, погрижете се следниве апликации да бидат инсталирани на компјутерот.

  • Epson ScanSmart (Windows 7 или понова верзија, OS X El Capitan или понова верзија)

  • Epson Event Manager (Windows Vista/Windows XP или OS X Yosemite/OS X Mavericks/OS X Mountain Lion/Mac OS X v10.7.x/Mac OS X v10.6.8)

  • Epson Scan 2 (апликација потребна за да се користи функцијата на скенерот)

Направете го следново за да проверите кои апликации се инсталирани.

Windows 10: кликнете го копчето Старт, а потоа проверете во папката Epson Software > Epson ScanSmart и во папката EPSON > Epson Scan 2.

Windows 8.1/Windows 8: внесете го името на апликацијата во полето за пребарување, а потоа проверете ја прикажаната икона.

Windows 7: кликнете го копчето Старт, а потоа изберете Сите програми. Потоа, проверете во папката Epson Software > Epson ScanSmart и во папката EPSON > Epson Scan 2.

Windows Vista/Windows XP: кликнете го копчето Старт, а потоа изберете Сите програми или Програми. Потоа, проверете во папката Epson Software > Epson Event Manager и во папката EPSON > Epson Scan 2.

Mac OS: изберете Оди > Апликации > Epson Software.

  1. Ставете ги оригиналите.

    Ставање оригинали во Стакло на скенерот

  2. Изберете Скенирај на контролната табла.

    За да изберете ставка, користете ги копчињата , а потоа притиснете го копчето OK.

  3. Изберете како да ја зачувате скенираната слика на компјутер.

    • Прегледај на компјутер (Windows 7 или понова верзија, OS X El Capitan или понова верзија): овозможува преглед на скенираните слики на компјутерот пред да се зачуваат сликите.
    • Со компјутер (JPEG): ја зачувува скенираната слика во JPEG-формат.
    • Со компјутер (PDF): ја зачувува скенираната слика во PDF-формат.
  4. Изберете компјутер на којшто сакате да ги зачувате скенираните слики.

  5. Притиснете го копчето .

    Кога користите Windows 7 или понова верзија, OS X El Capitan или понова верзија: Epson ScanSmart автоматски стартува на компјутерот и скенирањето започнува.

    Белешка:
    • Погледнете ја помошта за Epson ScanSmart за детални информации во врска со користењето на софтверот. Кликнете Help на екранот Epson ScanSmart за да ја отворите помошта.

    • Скенирањето може да го започнете не само од печатачот, туку и од компјутерот со Epson ScanSmart.