Не може да се примаат факсови

Имајте ги предвид следниве причини.

Претплата на услуга за проследување повици.

Решенија

Ако сте се претплатиле на услуга за проследување повици, печатачот можеби не ќе може да прима факсови. Контактирајте со давателот на услугата.

Режим за прием е поставен на Рачно додека е поврзан надворешен телефонски уред со печатачот.

Решенија

Ако со печатачот е поврзан надворешен телефонски уред којшто споделува телефонска линија со печатачот, изберете Поставки > Поставки на факс > Осн поставки, а потоа поставете го Режим за прием на авто..

Компјутерот што ќе ги зачувува примените факсови не е вклучен.

Решенија

Кога ќе ги одредите поставките за зачувување на примените факсови на компјутер, вклучете го компјутерот. Примениот факс се брише откако ќе се зачува на компјутерот.

Бројот на факс на испраќачот е регистриран во Листа на одб. бр..

Решенија

Пред да го избришете, проверете дали бројот на испраќачот може да се избрише од Листа на одб. бр.. Избришете го од Поставки > Поставки на факс > Осн поставки > Одбивање факс > Уреди ја листата со блок. броеви. Или оневозможете Листа на одб. бр. во Поставки > Поставки на факс > Осн поставки > Одбивање факс > Одбивање факс. Факсовите испратени од броеви што не се регистрирани во овој список се блокираат кога оваа поставка е овозможена.

Бројот на факс на испраќачот не е регистриран во списокот со контакти.

Решенија

Регистрирајте го бројот на факс на испраќачот во списокот со контакти. Или оневозможете Пов. не е во Конт. во Поставки > Поставки на факс > Осн поставки > Одбивање факс > Одбивање факс. Факсовите испратени од броеви што не се регистрирани во овој список се блокираат.

Испраќачот го испратил факсот без информации за заглавјето.

Решенија

Прашајте го испраќачот дали на неговиот факс-уред се поставени информации за заглавјето. Или, оневозможете Праз. заг. на факс во Поставки > Поставки на факс > Осн поставки > Одбивање факс > Одбивање факс. Факсовите што не содржат информации за заглавјето се блокираат кога оваа поставка е овозможена.