> Печатење > Печатење документи > Печатење од компјутер — Windows > Печатење со користење лесни поставки

Печатење со користење лесни поставки

Белешка:

Операциите може да се разликуваат зависно од апликацијата. За повеќе информации, погледнете ја помошта во апликацијата.

  1. Ставете хартија во печатачот.

    Ставање хартија во механизмот за задно внесување на хартија

  2. Отворете ја датотеката што сакате да ја печатите.

  3. Изберете Печати или Поставување за печатење од менито Датотека.

  4. Изберете го печатачот.

  5. Изберете Претпочитани вредности или Својства за да пристапите до прозорецот на двигателот за печатачот.

  6. Променете ги поставките ако е потребно.

    За објаснување на поставките, погледнете во помошта на интернет. Со десен клик на ставката се прикажува Помош.

  7. Кликнете OK за да го затворите прозорецот на двигателот за печатачот.

  8. Кликнете Печати.