Може безжично да печатите документи, е-пораки, фотографии и веб-страници директно од вашиот телефон со Android или таблет (Android v4.4 или понова верзија). Со неколку допири, вашиот уред со Android ќе открие печатач Epson што е поврзан на истата безжична мрежа.
Операциите може да се разликуваат зависно од уредот.
Поставете го печатачот за безжично печатење.
На уредот со Android, инсталирајте го приклучокот Epson Print Enabler од Google Play.
Поврзете го уредот со Android на истата безжична мрежа на којашто е поврзан печатачот.
Одете на Поставки на вашиот уред со Android, изберете Печатење, а потоа овозможете го Epson Print Enabler.
Од апликација за Android, како на пример Chrome, допрете на иконата за менито и отпечатете го она што го гледате на екранот.
Ако не го гледате печатачот, допрете Сите печатачи и изберете го печатачот.