Направете ги следниве поставувања кога го користите печатачот во канцеларии каде се користат локали и има потреба од кодови за надворешен пристап, како што се 0 и 9, за да се избере надворешна линија.
Изберете Поставки на контролната табла на печатачот.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Изберете Поставки на факс > Осн поставки.
Изберете Тип линија, а потоа изберете PBX.
При испраќање факс на надворешен факс број користејќи # (тараба) наместо фактичкиот код за надворешен пристап, изберете Упот. како Код за пристап.
# внесена наместо фактичкиот код за пристап се заменува со зачуваниот код за пристап кога повикувате. Употребата на # помага да се избегнат проблеми при поврзувањето со надворешна линија.
Не може да испраќате факсови до примачи во Контакти каде што е поставен код за надворешен пристап, како на пр. 0 или 9.
Ако имате регистрирано приматели во Контакти користејќи надворешен код за пристап како на пр. 0 или 9, поставете го Код за пристап на Не употр.. Во спротивно, мора да го промените кодот во # во Контакти.
Внесете го кодот за надворешен пристап што се користи за вашиот телефонски систем, а потоа притиснете го копчето OK.
Притиснете го копчето OK за да ги примените поставките.
Кодот за пристап ќе се зачува во печатачот.