E-13

Решенија:

Проверете го следново.

  • Мрежните уреди, како што се безжичниот насочувач, средиштето и насочувачот, се вклучени.

  • TCP/IP поставувањето за мрежни уреди не е поставено рачно. (Ако TCP/IP поставувањето на печатачот е поставено автоматски додека TCP/IP поставувањето за други мрежни уреди е направено рачно, мрежата на печатачот може да се разликува од мрежата за други уреди.)

Ако сè уште не функционира по проверката на нештата погоре, обидете се со следново.

  • Исклучете го безжичниот насочувач. Почекајте околу 10 секунди, па потоа вклучете го.

  • Направете мрежни поставки на компјутерот кој е на истата мрежа како и печатачот користејќи го инсталаторот. Може да го извршите од следната веб-страница.

    http://epson.sn > Поставување

  • Можете да регистрирате неколку лозинки на безжичен насочувач што користи WEP безбедносен тип. Ако се регистрирани неколку лозинки, проверете дали првата регистрирана лозинка е поставена на печатачот.