> Водич за контролната табла > Конфигурација на почетниот екран

Конфигурација на почетниот екран

Го прикажува статусот на мрежната врска. За повеќе информации, погледнете го следново.

Водич за иконата за мрежа

Кога се прикажани и , може да листата надесно или налево со притискање на копчето или копчето .

Ги прикажува сите менија.

  • Скенирај

    Ви овозможува да скенирате документи или фотографии и да ги зачувувате на компјутер.

  • Копирај

    Ви овозможува да копирате документи.

  • Факс

    Ви овозможува да испраќате факсови.

  • Тивок режим

    Ја прикажува поставката за Тивок режим со којашто може да ја намалите бучавата што ја прави печатачот. Меѓутоа, ако го овозможите ова, може да се намали брзината на печатење. Во зависност од типот на хартија и избраните поставки за квалитет на печатење, можно е да нема разлика во нивото на бучава на печатачот. Оваа поставка може да ја одредите и од менито Поставки.

    Поставки > Поставување на печатачот > Тивок режим

  • Поставки

    Ви овозможува да одредувате поставки за одржувањето, за печатачот и за работењето.

  • Одржување

    Ги прикажува менијата препорачани за подобрување на квалитетот на отпечатениот материјал, на пр. одзатнување на прскалките со печатење шаблон за проверка на прскалките и чистење на главата за печатење, како и отстранување на заматувањето и пругите во отпечатениот материјал со порамнување на главата за печатење. Оваа поставка може да ја одредите и од менито Поставки.

    Поставки > Одржување

  • Wi-Fi поставување

    Ги прикажува менијата со коишто може да го поставите печатачот за употреба на безжична мрежа. Оваа поставка може да ја одредите и од менито Поставки.

    Поставки > Поставки за мрежа > Wi-Fi поставување

Се прикажуваат достапните копчиња. Во овој пример, може да го отворите избраното мени ако го притиснете копчето OK.