> Скенирање > Основни информации за скенирањето > Препорачани резолуции според вашите потреби

Препорачани резолуции според вашите потреби

Резолуцијата го покажува бројот на пиксели (најмалата површина на сликата) на секој инч (25,4 mm), а се мери во dpi (точки на инч). Ако ја зголемите резолуцијата, предноста е во тоа што деталите на сликата стануваат појасни. Меѓутоа, тоа може да има и негативни карактеристики.

  • Големината на датотеката се зголемува

    (Кога двојно ја зголемувате резолуцијата, големината на датотеката се зголемува околу четири пати.)

  • Скенирањето, зачувувањето и вчитувањето на сликата трае подолго

  • Испраќањето и примањето е-пораки или факсови трае подолго

  • Сликата станува преголема за да ја собере во екранот или за да се отпечати на хартија

Погледнете ја табелата и поставете ја соодветната резолуција според намената на вашата скенирана слика.

Намена

Резолуција (упатување)

Прикажување на компјутер

Испраќање преку е-пошта

До 200 dpi

Печатење со печатач

Испраќање преку факс

200 до 300 dpi