Користејќи ја услугата Epson Connect достапна на интернет, може да печатите од вашиот мобилен уред или лаптоп во секое време и практично секаде. За да ја користите оваа услуга, треба да создадете сметка и да ги регистрирате корисникот и печатачот во Epson Connect.

Функциите на Epson Connect достапни на интернет се следниве.
Email Print
Може да испратите е-пошта од оддалечена локација до адреса на е-пошта доделена на печатачот, како што е вашиот домашен или канцелариски печатач, и да ја испечатите таа е-пошта и нејзините прилози.
Remote Print Driver
Може да печатите на печатач на оддалечена локација така што ќе го изберете во апликацијата што ја користите.
За детали околу поставувањето или печатењето, посетете го веб-порталот Epson Connect.
https://epson.com/connect (САД)
https://epson.ca/connect (Канада)
https://latin.epson.com/connect (Латинска Америка)
https://www.epsonconnect.eu (Европа)
https://www.epsonconnect.ae (Блискиот Исток, Турција, Африка, Централна и Западна Азија)
https://www.epsonconnect.com (Други региони)