Ажурирање на апликациите и фирмверот

Можеби ќе можете да отстраните одредени проблеми и да подобрите или додадете функции со ажурирање на апликациите и фирмверот. Проверете дали ги користите најновите верзии од апликациите и фирмверот.

  1. Погрижете се печатачот и компјутерот да бидат поврзани и компјутерот да биде поврзан на интернет.

  2. Стартувајте го EPSON Software Updater, а потоа ажурирајте ги апликациите или фирмверот.

    Важно:

    Не исклучувајте го компјутерот или печатачот додека ажурирањето не заврши; во спротивно, печатачот може да не работи правилно.

    Белешка:

    Ако во списокот не можете да ја најдете апликацијата што сакате да ја ажурирате, нема да може да извршите ажурирање со EPSON Software Updater. Проверете дали се достапни најновите верзии од апликациите на локалната веб-локација на Epson.

    https://www.epson.com