> Скенирање > Скенирање оригинали во мемориски уред > Основни опции на мени за скенирање во мемориски уред

Основни опции на мени за скенирање во мемориски уред

Белешка:

Ставките може да не бидат достапни во зависност од другите поставки што сте ги одредиле.

Црно-бело/Боја

Изберете дали да скенирате во боја или црно-бело.

Формат на дат.:

Изберете го форматот во којшто сакате да ја зачувате скенираната слика.

  • Коеф. на компресија:

    Изберете колку да се компримира скенираната слика.

  • PDF Поставки:

    Кога ќе изберете PDF како поставка за форматот за зачувување, користете ги овие поставки за да ги заштитите PDF-датотеките.

    За да создадете PDF-датотека за којашто е потребна лозинка при отворање, поставете Лозинка за отвора. документ. За да создадете PDF-датотека за којашто е потребна лозинка при печатење или уредување, поставете Лозинка за дозволи.

Резолуција:

Изберете резолуција за скенирање.

двострано:

Ги скенира двете страни од оригиналот.

  • Ориен. (Ориг.):

    Изберете ја ориентацијата на оригиналот.

  • Сврз.(Оригин.):

    Изберете ја насоката за подврзување на оригиналот.

Об. на ск.:

Изберете ја областа за скенирање. За да го исечете белиот простор околу текстот или сликата кога скенирате, изберете Автоматско сечење. За да скенирате максимална површина од стаклото на скенерот, изберете Максимална област.

  • Ориен. (Ориг.):

    Изберете ја ориентацијата на оригиналот.

Вид на ор.:

Изберете го типот на оригиналот.