Прочитајте ги следниве инструкции пред да ја менувате кутијата за одржување.
Не допирајте го зелениот чип странично на кутијата за одржување. Тоа може да влијае врз нормалното работење и печатење.
Не заменувајте ја кутијата за одржување во текот на печатењето; во спротивно може да протече мастило.
Не вадете ја кутијата за одржување и не отворајте го капакот, освен кога ја заменувате кутијата за одржување; инаку може да протече мастило.
Не користете ја повторно кутијата за одржување што била извадена и оставена подолг период. Мастилото во кутијата се стврднало и не може да се апсорбира повеќе мастило.
Не навалувајте ја искористената кутија за одржување додека не се стави и запечати во пластичната ќеса; во спротивно може да протече мастило.
Не чувајте ја кутијата за одржување на високи или екстремно ниски температури.
Чувајте ја кутијата за одржување настрана од директна сончева светлина.
Не испуштајте ја кутијата за одржување и не нанесувајте и силни удари.
Не допирајте ги отворите во кутијата за одржување затоа што може да се замачката со мастило.