Epson Photo+ е апликација што овозможува едноставно печатење слики со разни распореди. Исто така, може да вршите корекција на слики и да ја приспособувате положбата додека го прегледувате документот. Може и да ги осветлите сликите додавајќи текст и печати каде сакате. Кога печатите на оригинална хартија Epson за слики, доаѓаат до израз перформансите на мастилото, создавајќи убав резултат со одлични бои.
За повеќе информации, погледнете ја помошта во апликацијата.
Оперативните системи Windows Server не се поддржани.
За да ја користите апликацијава, мора да биде инсталиран двигателот за овој печатач.
Windows 10
Кликнете на копчето за стартување, па изберете Epson Software > Epson Photo+.
Windows 8.1/Windows 8
Внесете го името на апликацијата во полето за пребарување, а потоа изберете ја прикажаната икона.
Windows 7/Windows Vista/Windows XP
Кликнете на копчето за стартување, па изберете Сите програми или Програми > Epson Software > Epson Photo+.
Изберете Оди > Апликации > Epson Software > Epson Photo+.