> Решавање проблеми > Време е да дополните мастило > Дополнување на резервоарите за мастило

Дополнување на резервоарите за мастило

Мастилото може да се дополнува во секое време.

  1. Изберете Поставки на почетниот екран.

  2. Изберете Одржување > Наполни мастило.

  3. Прочитајте ги мерките за претпазливост при дополнувањето мастило на LCD-екранот, а потоа допрете Продолжи.

  4. Отворете го капакот за резервоарот за мастило.

  5. Отворете го капачето за резервоарот за мастило.

    Важно:

    Внимавајте бојата на резервоарот за мастило да одговара на бојата на мастилото што сакате да го дополните.

  6. Додека го држите исправено шишето со мастило, полека вртете го капачето за да го извадите.

    Важно:
    • Epson препорачува користење на оригинални шишиња со мастило Epson.

    • Внимавајте да не истурите мастило.

  7. Проверете ја горната линија (а) на резервоарот за мастило.

  8. Порамнете го горниот дел на шишето со мастило со отворот за полнење, а потоа вметнете го шишето право во отворот за да се наполни мастило до горната линија, каде што сопира автоматски.

    Кога ќе го вметнете шишето со мастило во отворот за полнење за соодветната боја, мастилото почнува да тече, а протокот на мастилото автоматски запира кога мастилото ќе ја достигне горната линија.

    Ако мастилото не почнува да тече во резервоарот, извадете го шишето со мастило и вметнете го повторно. Меѓутоа, не вметнувајте го повторно шишето со мастило откако мастилото ќе ја достигне горната линија. Во спротивно, мастилото може да истече.

    Важно:

    Не дозволувајте горниот дел од шишето со мастило да дојде во допир со предмети откако ќе го отстраните капачето; во спротивно, мастилото може да се истури.

  9. Кога ќе завршите со дополнување на мастилото, отстранете го шишето со мастило и безбедно затворете го капачето на резервоарот за мастило.

    Важно:

    Не оставајте го вметнато шишето со мастило; во спротивно, шишето може да се оштети или мастилото да протече.

    Белешка:

    Ако остане мастило во шишето со мастило, затегнете го капачето и зачувајте го шишето во исправна положба за подоцнежна употреба.

  10. Добро затворете го капакот за резервоарот за мастило.

  11. Следете ги инструкциите на екранот за да го поставите нивото на мастило за мастилото што го дополнивте.

Важно:

Дури и ако не дополните мастило до горната линија на резервоарот за мастило, може да продолжите со користење на печатачот. Меѓутоа, за најдобро функционирање на печатачот, наполнете го резервоарот за мастило до горната линија и веднаш ресетирајте го нивото на мастило.