> Информации за администраторот > Управување со печатачот > Оневозможување на надворешниот интерфејс

Оневозможување на надворешниот интерфејс

Може да го оневозможите интерфејсот што се користи за поврзување на уредот со печатачот. Одредете ги поставките за ограничување, за да спречите печатење и скенирање што не се одвива преку мрежа.

Белешка:

Поставките за ограничување може да ги одредите и преку контролната табла на печатачот.

  • Memory Device: Поставки > Општи поставки > Поставки за печатач > Интерфејс за мемориски уред > Мемориски уред

  • Врска со компјутер преку USB: Поставки > Општи поставки > Поставки за печатач > Врска со компјутер преку USB

  1. Пристапете до Web Config и изберете ја картичката Product Security > External Interface.

  2. Изберете Disable на функциите што сакате да ги поставите.

    Изберете Enable кога сакате да го откажете контролирањето.

    • Memory Device
      Забранете го зачувувањето податоци на надворешна меморија преку USB-порта за врска со надворешен уред.
    • Врска со компјутер преку USB
      Може да ја ограничите употребата на USB-врската од компјутерот. Ако сакате да ја ограничите, изберете Disable.
  3. Кликнете на OK.

  4. Уверете се дека оневозможената порта не може да се користи.

    • Memory Device
      Уверете се дека нема одговор кога поврзувате уред за складирање како што е USB-меморија, со USB-портата на надворешниот интерфејс.
    • Врска со компјутер преку USB
      Ако двигателот бил инсталиран на компјутерот
      Поврзете го печатачот со компјутерот користејќи USB-кабел и потврдете дека печатачот не печати и не скенира.
      Ако двигателот не бил инсталиран на компјутерот
      Windows:
      Отворете го управникот со уреди и оставете го отворен, поврзете го печатачот со компјутерот користејќи USB-кабел, а потоа уверете се дека содржините прикажани во управникот со уреди остануваат непроменети.
      Mac OS:
      Поврзете го печатачот со компјутерот користејќи USB-кабел, а потоа уверете се дека печатачот не е наведен во списокот ако сакате да го додадете печатачот од Печатачи и скенери.