Увезување контакти користејќи Web Config

Ако имате печатач што ви овозможува да направите резервна копија од контактите и е компатибилен со овој печатач, може лесно да ги регистрирате контактите со увезување на датотеката со резервна копија.

Белешка:

За инструкции околу тоа како да направите резервна копија од контактите на печатачот, погледнете во прирачникот приложен со печатачот.

Следете ги чекорите подолу за да ги увезете контактите во овој печатач.

  1. Одете на Web Config и изберете Device Management > Export and Import Setting Value > Import.

  2. Изберете ја датотеката со резервна копија што ја создадовте во File, внесете ја лозинката, а потоа кликнете Next.

  3. Изберете го полето за избор Contacts, а потоа кликнете Next.