Поставки за испраќање

На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени.

Поставки > Општи поставки > Поставки на факс > Поставки за испраќање

Белешка:
  • На екранот Web Config, може да го најдете долунаведеното мени.

    Картичка Fax > Send Settings

  • Ако се прикаже екран за внесување лозинка, внесете ја лозинката.

Групно праќање:

Кога има повеќе факсови што чекаат да се испратат до истиот примач, ова ги групира заедно за да ги испрати одеднаш. Може да се испратат најмногу 5 документи одеднаш (до 100 страници вкупно). Ова помага да заштедите на трошокот за испраќање, намалувајќи го бројот на поврзувања.

Зачувај Неусп. податоци:

Документите што не успеале да се испратат ги зачувува во меморијата на печатачот. Може повторно да ги испратите документите преку Job/Status.

Време на чекање за следниот Оригинал:

Поставете го времето на чекање за следниот оригинал. Печатачот започнува да го испраќа факсот откако тоа време ќе истече.

Време на прикажување преглед на факс:

Скенираниот документ може да го прегледате на одредено време пред да го испратите. Печатачот започнува да го испраќа факсот откако тоа време ќе истече.

PC to FAX Function:

Ставкава се прикажува само во екранот Web Config. Овозможува испраќање факсови користејќи компјутер-клиент.