Можете да испраќате факсови внесувајќи броеви на факс за примачите преку контролната табла.
Кога испраќате факсови во црно-бело, може да ја видите скенираната слика на LCD-екранот пред да ја испратите.
Можете да резервирате најмногу 50 задачи за факсови во црно-бело, дури и ако телефонската линија се користи за гласовни повици, испраќање или примање друг факс. Може да проверувате или да откажувате резервирани задачи за факс од Job/Status на почетниот екран.
Ставете ги оригиналите.
Може да испратите до 100 страници во еден пренос; меѓутоа, во зависност од преостанатата меморија, можеби не ќе може да испраќате факсови дури ни со помалку од 100 страници.
Изберете Факс на почетниот екран.
Одредете го примачот.
Изберете ја картичката Поставки на факс и одредете ги поставките според потребите.
Допрете
за да го испратите факсот.
Ако бројот на факс е зафатен или има некој проблем, печатачот автоматски ќе бира повторно по една минута.
За да го откажете испраќањето, допрете
.
Испраќањето факс во боја одзема повеќе време бидејќи печатачот истовремено скенира и испраќа. Не може да ги користите другите функции додека печатачот испраќа факс во боја.
Различни начини за испраќање факсови
Испраќање факсови на барање (користејќи Испраќање на повик/ Санд. за билтен)
Испраќање многу страници од документ во црно-бело (Директно испраќање)
Испраќање факсови во црно-бело во одредено време од денот (Испрати факс подоцна)
Испраќање документи со различна големина со помош на ADF (Континуир. скен.(ADF))