> Важни упатства > Безбедносни инструкции > Безбедносни упатства за мастило

Безбедносни упатства за мастило

  • Внимавајте да не допирате мастило кога ракувате со резервоарите за мастило, капачињата на резервоарите и отворени шишиња со мастило или капачиња на шишињата.

    • Доколку ви капне мастило на кожата, измијте ја кожата темелно со сапун и вода.

    • Доколку ви влезе мастило во очите, веднаш исплакнете ги со вода. Доколку чувството на неугодност или проблемите со видот продолжат и по плакнењето, веднаш јавете се на лекар.

    • Ако ви влезе мастило во устата, веднаш одете на лекар.

  • Не расклопувајте ја кутијата за одржување; во спротивно може да ви влезе мастило во очите или на кожата.

  • Не протресувајте го шишето со мастило премногу силно и не нанесувајте прекумерна сила затоа што може да дојде до истекување на мастилото.

  • Чувајте ги шишињата со мастило, резервоарот со мастило и кутијата за одржување вон дофат на деца.Не дозволувајте деца да пијат од шишињата за мастило и капачињата на шишињата, ниту да ракуваат со нив.