Може да одредите поставки за зачувување на примените факсови во приемното сандаче и во надворешен мемориски уред кога се испратени од одреден испраќач или во одредено време. Зачувувањето на факсот во доверливото сандаче или во приемното сандаче ви овозможува да ја проверите содржината на примениот факс со прегледување на факсот на LCD-екранот на печатачот, пред печатачот да го отпечати факсот.
Пред да ја користите функцијата за зачувување примени факсови во одредено време, уверете се дека се точни поставките за Датум/Време и Временска разлика на печатачот. Пристапете до менито од Поставки > Општи поставки > Осн поставки > Поставки за датум/време.
Освен контролната табла на печатачот, може да користите и Web Config за да одредите поставки за зачувување за примените факсови. Изберете ја картичката Fax > Поставки Зачув./Препрати > Услов. Зачувај/Препрати, изберете го бројот на доверливото сандаче, а потоа изберете Edit и одредете ги поставките за дестинацијата за зачувување.
Може и да печатите и/или да проследувате примени факсови истовремено. Одредете ги гореспоменатите поставки во екранот Edit.
Изберете Поставки на контролната табла на печатачот, а потоа изберете Општи поставки > Поставки на факс.
Изберете Поставки за прием > Поставки Зачув./Препрати > Услов. Зачувај/Препрати, а потоа допрете
на нерегистрирано сандаче во Услов. Зачувај/Препрати.
Допрете на рамката Име, а внесете го името коешто сакате да го регистрирате.
Изберете ја рамката Услов(и) за да направите поствка за состојба.
Изберете Дест. Зачувај/Препрати, а потоа одредете поставки за целната дестинација, сандаче и/или надворешен мемориски уред.

Изберете Зачувај во Факс.
Допрете на Зачувај во Факс за да го поставите ова на Вкл..
Изберете го сандачето во коешто сакате да го зачувате документот.
Вметнете мемориски уред во USB-портата на надворешниот интерфејс на печатачот.
Изберете Зачувај на мемо. уред.
Допрете на Зачувај на мемо. уред за да го поставите ова на Вкл..
Проверете ја прикажаната порака и допрете на Создади.
Примените документи привремено се зачувуваат во меморијата на печатачот пред документите да се зачуваат во меморискиот уред поврзан со печатачот. Бидејќи грешката за полна меморија го оневозможува испраќањето и примањето на факсовите, чувајте го меморискиот уред поврзан со печатачот.
За да ги печатите примените факсови истовремено, допрете Печати за да го поставите ова на Вкл..
Изберете Затвори за да ги комплетирате поставките за Дест. Зачувај/Препрати.
Може да поставите печатачот да испраќа е-пораки до луѓето коишто сакате да ги известите за резултатите од зачувувањето факсови, кога зачувувањето ќе заврши. По потреба, изберете Извест. по е-пошта, поставете ги процесите, а потоа изберете ја дестинацијата од списокот со контакти до којашто сакате да испраќате известувања.
Изберете Во ред за да се вратите на екранот Поставки Зачув./Препрати за да се заврши Услов. Зачувај/Препрати.
Изберете ја регистрираната рамка за којашто сте ја направиле поставката за состојба и изберете Вклучи.
Со ова завршува одредувањето поставки за условно зачувување за примените факсови. Може да одредите Општи поставки според потребите. За детали, видете го објаснувањето за Општи поставки во менито Поставки Зачув./Препрати.