Функцијата Интензивно чистење може да го подобри квалитетот на печатењето во следниве случаи.
Кога повеќето прскалки се затнати.
Кога сте извршиле проверка на прскалките и чистење на главата 3 пати и сте почекале најмалку 12 часа без да печатите, но квалитетот на печатењето не се подобрил.
Пред да ја активирате функцијава, употребете ја функцијата за проверка на прскалките и проверете дали прскалките се затнати, прочитајте ги следниве инструкции, а потоа активирајте Интензивно чистење.
Погрижете се дека има доволно мастило во резервоарите за мастило.
Визуелно проверете дали сите резервоари за мастило се полни барем една третина.Ниските нивоа на мастило за време на Интензивно чистење може да доведат до оштетување на производот.
Потребен е интервал од 12 часа помеѓу секое Интензивно чистење.
Норамлно, едно Интензивно чистење треба да го отстрани проблемот со квалитетот на печатење во рок од 12 часа.Од таа причина, за да избегнете непоребно користење на мастило, мора да почекате 12 часа пред да се обидете повторно.
Можно е да биде потребна замена на кутија за одржување.
Мастилото ќе биде исфрлено во кутијата за одржување.Ако се наполни, мора да ја подготвите и да ја инсталирате кутијата за одржување за да продолжите со печатење.
Кога нивоата на мастило или слободниот простор во кутијата за одржување се недоволни за Интензивно чистење, не може да ја активирате оваа функција.Дури и во овој случај, нивоата и слободниот простор за печатење може да останат.
Изберете Одржување на почетниот екран.
Изберете Интензивно чистење.
Следете ги инструкциите на екранот за да ја активирате функцијата Интензивно чистење.
Ако не може да ја активирате оваа функција, решете ги проблемите прикажани на екранот. Потоа, следете ја оваа процедура од чекор 1 за повторно да ја активирате функцијата.
Откако ќе ја активирате оваа функција, извршете проверка на прскалките за да се погрижите дека прскалките не се затнати.
За детали околу тоа како да ја извршите проверката на прскалките, погледнете го линкот со поврзани информации подолу.
Ако квалитетот на печатењето не се подобрува откако ќе извршите Интензивно чистење, почекајте барем 12 часа без печатење, а потоа повторно отпечатете го шаблонот за проверка на прскалките. Во зависност од отпечатениот шаблон, повторно извршете Чистење на главата за печатење или Интензивно чистење. Ако квалитетот сè уште не се подобрува, контактирајте со службата за поддршка на Epson.
Може да извршите интензивно чистење и преку двигателот за печатачот.
Windows
Кликнете Интензивно чистење во картичката Одржување.
Mac OS
Мени Apple > Системски претпочитани вредности > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс) > Epson(XXXX) > Опции и производи > Услужна програма > Отвори ја услужната програма за печатачот > Моќно чистење