За повеќе информации околу ракувањето со CD/DVD-дискови или за снимањето податоци, погледнете во документацијата испорачана со дискот.
Не печатете на CD/DVD-дискот пред да снимате податоци на него. Инаку отпечатоци од прсти, нечистотија или гребнатини на површината може да предизвикаат грешки при запишувањето податоци на него.
Зависно од типот на CD/DVD-дискот или податоците за печатење, може да дојде до размачкување. Обидете се првин со пробно печатење на резервен CD/DVD-диск. Проверете ја испечатената површина откако ќе почекате еден цел ден.
Во споредба со печатењето на оригинална хартија Epson, густината на печатењето е помала за да се спречи размачкување на мастилото врз CD/DVD-дискот. Прилагодете ја густината на печатењето по потреба.
Оставете ги отпечатените CD/DVD-дискови да се сушат најмалку 24 часа, без да ги изложувате на директна сончева светлина. Не редете ги CD/DVD-дисковите еден врз друг и не вметнувајте ги во уредот додека не се исушат сосема.
Ако испечатената површина е леплива дури и откако ќе се исуши, намалете ја густината на печатењето.
Повторното печатење на истиот CD/DVD-диск може да не го подобри квалитетот на отпечатеното.
Ако случајно се печати на фиоката за дискови или на внатрешната проѕирна преграда, веднаш избришете го мастилото.
Зависно од поставката за просторот за печатење, CD/DVD-дискот или фиоката за дискови може да се извалкаат. Одредете поставки за печатење во подрачјето за печатење.
Може да го поставите опсегот за печатење за CD/DVD-дискот на најмалку 18 mm за внатрешниот пречник и најмногу 120 mm за надворешниот пречник. Зависно од поставките, CD/DVD-дискот или фиоката за дискови може да се замачкаат. Одредете го опсегот за печатење според CD/DVD-дискот што сакате да го печатите.