> Ставање хартија и CD/DVD > Ставање хартија > Забелешки за ставање хартија

Забелешки за ставање хартија

Печатачот има четири извори на хартија. Ставете хартија со соодветна големина и тип што ќе одговара на потребите за печатење.

Заден внесувач на хартија

  • Може да ставите комерцијално достапна тенка хартија или претходно продупчени листови хартија што не може да се стават во касетата за хартија 1 или во касетата за хартија 2. Меѓутоа, оваа хартија може и да не се внесе поради нејзината тврдост и проѕирност.

Отвор за заден внесувач на хартија

  • Може да ставите дебела хартија, на пр. хартија за постери (дебелина до 1,3 mm).

  • Пред да ставите хартија, инсталирајте ја единицата за внесување хартија.

  • Ставете хартија кога на контролната табла ќе се прикаже порака што ви бара да ставите хартија.

Касета за хартија 1

  • Може да ставите повеќе листови со хартија за фотографија со мала големина.

  • Ако ставите иста хартија во касетата за хартија 1 и во касетата за хартија 2 и ако изберете Касета за хартија 1->2 како извор на хартија, печатачот автоматски ќе внесува хартија од касетата 2 кога хартијата од касетата 1 ќе се потроши.

Касета за хартија 2

Ви препорачуваме да ставите обична хартија со големина A4 затоа што често се користи.