> Решавање проблеми > Се прикажува порака на LCD-екранот

Се прикажува порака на LCD-екранот

Ако на LCD-екранот се прикаже порака за грешка, следете ги инструкциите на екранот или решенијата подолу за да го решите проблемот.

Пораки за грешки

Решение

Комбинацијата на IP адресата и маската на подмрежа е неважечка. Погледнете ја вашата документација за повеќе детали.

Внесете ја точната IP-адреса или стандардната капија. За помош, контактирајте со лицето коешто ја поставило мрежата.

Прилагодувањето е откажано. Има проблем со прскалките на главата за печатење. За детали, погледнете ја документацијата.

Ако квалитетот на печатењето не се подобрува откако 3 пати ќе се повтори проверката на прскалките и ќе се исчисти главата, почекајте барем 12 часа без печатење, а потоа, ако е потребно, повторно проверете ги прскалките и исчистете ја главата. Препорачуваме да го исклучите печатачот користејќи го копчето . Ако квалитетот на печатењето не се подобрува, активирајте Интензивно чистење.

Ако квалитетот на печатењето не се подобрува откако ќе извршите Интензивно чистење, почекајте барем 12 часа без печатење, а потоа повторно отпечатете го шаблонот за проверка на прскалките. Во зависност од отпечатениот шаблон, повторно извршете Чистење на главата за печатење или Интензивно чистење. Ако квалитетот сè уште не се подобрува, контактирајте со службата за поддршка на Epson.

Пристапете до следново или погледнете ја документацијата за детали. Изберете [Потврдено] откако ќе го потврдите.

Ако не можете да го скенирате QR-кодот, поврзете се со паметен уред. За повеќе информации, погледнете го следново.

Одредување поставки за поврзување со паметниот уред

Комуникациска грешка. Проверете дали компјутерот е поврзан.

Правилно поврзете ги компјутерот и печатачот. Ако се поврзувате преку мрежа, погледнете ја страницата на којашто е опишан методот за мрежно поврзување од компјутер.

Ако пораката за грешка се прикажува при скенирањето, погрижете се Epson ScanSmart да биде инсталирана на компјутерот.

Одредување поставки за поврзување со компјутерот

Ажурирајте го основниот сертификат за да ги користите услугите во облак.

Активирајте Web Config, а потоа ажурирајте го основниот сертификат.

Активирање Web Config во веб-прелистувач

Инсталирајте го софтверот во компјутерот за да ја користите оваа функција. За повеќе детали, погледнете ја документацијата.

Инсталирајте Epson ScanSmart на компјутерот.

Одделно инсталирање на апликациите

Пров. го след. кога комп. не е најден. - Кон. меѓу печ. и комп. (USB или мрежа) - Инстал. на неопх. софтвер -Напој. на комп. - Пост. за зашт. ѕид и сл. - Пребарај пак За повеќе дет., погл. ја док.

Уверете се дека компјутерот е правилно поврзан.

Проверување на статусот на врската

Проверување на статусот на врската

Уверете се дека Epson ScanSmart е инсталирана на компјутерот.

Одделно инсталирање на апликациите

Проверете дали поставките на портата на Печатач (како IP адреса) или двигател на печатачот се точни преку Компјутерот.

Погрижете се портата за печатачот да биде правилно избрана во Својства > Порта од менито Печатач на следниов начин.

Изберете „USBXXX“ за USB-врска или „EpsonNet Print Port“ за да проверите дали двигателот за печатачот е инсталиран на мрежната врска.

Проверете дали поставките на портата или двигателот на печатачот се точни преку компјутерот. Погледнете ја вашата документација за детали.

Конфиг. на хартијата е пост. на Искл. Некои функции може да не се достапни. За детали, видете ја документацијата.

Ако Конфиг. на хартијата е оневозможена, не може да користите AirPrint.

Не може да се користи став. мемо. уред. За детали, погл. ја документацијата.

Користете мемориски уред поддржан од производот.

Спецификации за мемориски уреди

Печатењето е откажано бидејќи долгата хартија може да се исфрли на половина од печатењето.Поставете ја должината на хартијата да биде пократка од 1300 мм.Погледнете ја вашата документација за детали.

Печатењето трае долго време поради високата температура, а долгата хартија може да се исфрла сред печатењето.

  • Поставете ја должината на хартијата така што ќе биде пократка од 1,3 м.

  • Печатете на температура пониска од 32 °C.

Печатењето е откажано бидејќи долгата хартија може да се исфрли на половина од печатењето.Поставете ја Квалитет на Стандардно.Погледнете ја вашата документација за детали.

Печатењето трае долго време поради големиот обем на податоци за печатење, а долгата хартија може да се исфрла сред печатењето.

Поставете Квалитет на Стандардно.

Подлогата за маст. за печатење без рабови на печ. го дост. крајот на својот раб. век. Не е дел кој може да биде зам. од стр. на кор. Конт. ја поддрш. на Epson.

Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило за печатење без рамки*. Не е дел што корисникот може да го сервисира.

Не е достапно печатење без рамки, но достапно е печатење со рамки.

Контактирање со поддршката на Epson

Подлогата за маст. за печатење без рабови на печ. е при крај на својот раб. век. Не е дел кој може да биде зам. од стр. на корис. Контакт. ја поддрш. на Epson.

Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило за печатење без рамки*. Не е дел што корисникот може да го сервисира.

Допрете Во ред за да продолжите со печатење.

Контактирање со поддршката на Epson

Грешка на печатач

Исклучете го напојувањето, па повторно вклучете го. Ако проблемот продолжува, притиснете „Продолжи“.

Направете го следново.

1. Отворете го скенерот и извадете ја хартијата или заштитниот материјал од внатрешноста на печатачот. Исчистете ја проѕирната фолија ако е замачкана.

Вадење заглавена хартија

Чистење на проѕирната фолија

2. Затворете го скенерот и исклучете го и повторно вклучете го напојувањето.

Ако уште се прикажува пораката за грешка откако ќе се исклучи, па вклучи напојувањето, контактирајте со службата за поддршка на Epson.

Контактирање со поддршката на Epson

Се јави грешка при зачувувањето. Проверете и ако е потребно, сменете го меморискиот уред.

Надворешниот мемориски уред, на пример мемориската картичка, може да е оштетена. Проверете дали е достапен уредот.

Спецификации за мемориски уреди

Не може да се препознае медиумот. Погл. документација за повеќе детали за медиуми

Користете мемориски уред поддржан од производот.

Спецификации за мемориски уреди

Дали сте ја ставиле следнава хартија во XX?

Сменете ги поставките за печатење или ставете хартија што соодветствува со поставките за печатење во касетата за хартија, а потоа сменете ги поставките за хартија.

Ако следниот пат не сакате да се прикажува оваа порака, изберете Поставки > Функција на водич, а потоа поставете Несовпаѓ. на харт. на Иск..

Recovery Mode

Update Firmware

Печатачот стартуваше во режим за поправање затоа што ажурирањето на фирмверот не успеа. Следете ги чекорите подолу за повторно да се обидете да го ажурирате фирмверот.

1. Поврзете ги компјутерот и печатачот со USB-кабел. (Во режимот за поправање, не може да го ажурирате фирмверот преку мрежна врска.)

2. За дополнителни инструкции, посетете ја веб-локацијата на локалното претставништво на Epson.

* Во некои циклуси од печатењето може да се собере многу мало количество вишок мастило на перничето за мастило за печатење без рамки. За да се спречи протекување мастило од перничето, производот е направен да запре со печатењето без рамки кога перничето ќе ја достигне својата граница. Дали и колку често ќе биде потребно ова, ќе зависи од бројот на отпечатени страници со опцијата за печатење без рамки. Потребата да се замени перничето не значи дека печатачот престанал да работи, согласно неговите спецификации. Печатачот ќе ве извести кога треба да се замени перничето, а тоа треба да го направи само овластена сервисна служба на Epson. Со гаранцијата на Epson не се покриваат трошоците за оваа замена.