> Водич за контролната табла > Конфигурација на почетниот екран

Конфигурација на почетниот екран

Може да го проверите приближниот работен век на кутијата за одржување.

Го прикажува статусот на мрежната врска. За повеќе информации, погледнете го следново.

Водич за иконата за мрежа

Покажува дека Тивок режим е поставен за печатачот. Кога оваа функција е овозможена, се намалува бучавата од работењето на печатачот, но може да се намали и брзината на печатење. Меѓутоа, бучавата може да не се намали во зависност од избраниот тип хартија и квалитетот на печатење. Допрете за да ја промените поставката. Оваа поставка може да ја одредите и од менито Поставки.

Поставки > Поставки за печатач > Тивок режим

Го прикажува екранот Помош. Може да ги прегледате упатствата за работење или решенијата за проблемите.

Ги прикажува сите менија.

  • Копирај

    Ви овозможува да копирате документи и фотографии.

  • Печати фотографии

    Ви овозможува да печатите фотографии од мемориски уред, на пр. мемориска картичка или USB-меморија.

  • Скенирај

    Ви овозможува да скенирате документи или фотографии и да ги зачувувате на мемориски уред или на компјутер.

  • Различни отпечатоци

    Ви овозможува да правите разни копии и да печатите дизајнирана хартија или голем број оригинални елементи.

  • Поставки

    Ви овозможува да одредувате поставки за одржувањето, за печатачот и за работењето.

  • Одржување

    Ги прикажува менијата препорачани за подобрување на квалитетот на отпечатениот материјал, на пр. одзатнување на прскалките со печатење шаблон за проверка на прскалките и чистење на главата за печатење, како и отстранување на заматувањето и пругите во отпечатениот материјал со порамнување на главата за печатење.

  • Поврзув. на Паметен телефон

    Го прикажува менито за поврзување на печатачот со вашиот паметен уред или таблет.

Го лизга приказот во екранот надесно.

Ја складира излезната фиока.