> Ставање хартија и CD/DVD > Ставање хартија > Поставки за големина и тип на хартијата

Поставки за големина и тип на хартијата

Ако ги регистрирате големината и типот на хартијата во екранот што се прикажува кога ќе ја вметнете касетата за хартија, печатачот ве информира кога регистрираните информации се разликуваат од поставките за печатење. Со ова се спречува непотребно трошење на хартијата и мастилото бидејќи не печатите на хартија со несоодветна големина, но и не печатите со погрешна боја во случај да користите поставки што не се соодветни за типот на хартијата.

Ако прикажаната големина и типот на хартијата се разликуваат од оние на внесената хартија, изберете ја ставката што треба да ја промените. Ако поставките се соодветни за внесената хартија, затворете го екранот.

Белешка:
  • Поставките може лесно да ги одредувате така што ќе ги регистрирате често користените комбинации од големина и тип на хартијата како омилени. Може да одредувате поставки за хартијата со едноставно избирање на регистрираната зададена вредност. За да регистрирате зададена вредност, изберете Постав за омил. хартија, изберете > на следниот екран и одредете ги големината и типот на хартијата.

  • Екранот за поставки на хартија не се прикажува ако сте онеспособиле Конфиг. на хартијата во следните менија. Во оваа ситуација, не може да печатите од iPhone, iPad или iPod touch со AirPrint.

    Поставки > Поставки за печатач > Поставка за извор на хартија > Конфиг. на хартијата