Epson Photo+ е апликација што овозможува едноставно печатење слики со разни распореди. Може да користите разни шаблони и да вршите корекција на сликите, како и да ја приспособувате положбата додека го прегледувате документот. Може и да ги осветлите сликите додавајќи текст и печати каде сакате. Кога печатите на оригинална хартија Epson за слики, доаѓаат до израз перформансите на мастилото, создавајќи убав резултат со одлични бои.
Ги има и следниве карактеристики. За повеќе информации, погледнете ја помошта во апликацијата. Може да ги преземете најновите апликации од веб-локацијата на Epson.
Печатење етикети за дискови (само за поддржани модели)
Печатење QR-кодови
Печатење фотографии што ги прикажуваат датумот и времето на снимање
Оперативните системи Windows Server не се поддржани.
За да ја користите апликацијава, мора да биде инсталиран двигателот за овој печатач.
Windows 10
Кликнете го копчето Старт, а потоа изберете Epson Software > Epson Photo+.
Windows 8.1/Windows 8
Внесете го името на апликацијата во полето за пребарување, а потоа изберете ја прикажаната икона.
Windows 7/Windows Vista/Windows XP
Кликнете го копчето Старт, а изберете Сите програми или Програми > Epson Software > Epson Photo+.
Изберете Оди > Апликации > Epson Software > Epson Photo+.