> Одржување на печатачот > Подобрување на квалитетот на печатење, копирање и скенирање > Чистење на патеката на движење на хартијата од дамки од мастило (кога површината на отпечатениот материјал е вертикално замачкана)

Чистење на патеката на движење на хартијата од дамки од мастило (кога површината на отпечатениот материјал е вертикално замачкана)

Кога отпечатените примероци се замачкани или изгребани, исчистете го валјакот во печатачот.

Потребно ви е следново за да ги извршите постапките од чекор 4.

  • тенко стапче

  • добро исцедена влажна газа или крпа

  1. Изберете Одржување од контролната табла на печатачот.

  2. Изберете Чис. на вод. за ха..

  3. Следете ги инструкциите на екранот за да ја исчистите патеката на хартијата.

    Повторувајте ја оваа постапка додека хартијата веќе не е замачкана со мастило. Ако по повеќекратно чистење хартијата и понатаму се валка со мастило, одете на следниот чекор.

  4. Завиткајте добро исцедена влажна газа или крпа околу врвот на тенкото стапче.

  5. Исклучете го печатачот со притискање на копчето .

  6. Извадете го кабелот за напојување и исклучете го.

  7. Извлечете ја излезната фиока.

  8. Користете го стапчето што го подготвивте во чекор 4 за да ги избришете двата бели валјаци додека ги ротирате.

    Важно:

    Не користете хартиени салфети за чистење на внатрешноста на печатачот. Прскалките на главата за печатење може да се затнат со влакненца.

  9. Поврзете го кабелот за напојување.