> Одржување на печатачот > Подобрување на квалитетот на печатење, копирање и скенирање > Чистење на патеката на движење на хартијата од дамки од мастило (кога задниот дел на отпечатениот материјал е извалкан)

Чистење на патеката на движење на хартијата од дамки од мастило (кога задниот дел на отпечатениот материјал е извалкан)

  1. Исклучете го печатачот со притискање на копчето .

  2. Затворете го капакот за документи ако е отворен.

  3. Отворајте го скенерот со двете раце додека да се фиксира.

  4. Користете чепкалка за уши за да го избришете мастилото од деловите во внатрешноста на печатачот прикажани на следнава илустрација.

    Важно:
    • Не користете хартиени салфети за чистење на внатрешноста на печатачот. Прскалките на главата за печатење може да се затнат со влакненца.

    • Не допирајте го делот прикажан на следнава илустрација. Така може да предизвикате дефект.

  5. Затворете го скенерот.

    Белешка:

    Скенерот е дизајниран да се затвора бавно и со мал отпор заради заштита од заглавување на прстите. Продолжете да го затворате дури и ако почувствувате мал отпор.