Матни копии, вертикални пруги или непорамнетост

Имајте ги предвид следниве причини.

Положбата на главата за печатење не е порамнета.

Решенија

Изберете го менито Одржување > Порамнување на главата за печатење > Верт. порамн. на контролната табла за да извршите порамнување на главата за печатење.

Двонасочното печатење е овозможено.

Решенија

Ако квалитетот на печатењето не се подобрува дури и откако ќе ја порамните главата за печатење, изберете Поставки > Поставки за печатач на контролната табла, а потоа оневозможете Двонасочно.

Во текот на двонасочното печатење (или печатење со голема брзина), главата за печатење печати додека се движи во двете насоки, така што е можно вертикалните линии да не се порамнети. Ако ја оневозможите оваа поставка, брзината на печатење може да се намали.