Ги прикажува фотографиите на мемориската картичка подредени по одредени ситуации. Достапните опции зависат од функциите коишто ги користите.
Откажи го пребарувањето:
Го откажува подредувањето на фотографиите и ги прикажува сите фотографии.
гг:
Изберете ја годината на фотографиите коишто сакате да ги прикажете.
година/месец:
Изберете ја годината и месецот на фотографиите коишто сакате да ги прикажете.
година/месец/ден:
Изберете ја годината, месецот и датумот на фотографиите коишто сакате да ги прикажете.
Редослед на прикажување
Го менува редоследот на прикажување на фотографиите во опаѓачки или растечки редослед.
Избери ги сите фотографии
Изберете ги сите фотографии и одредете го бројот исписи.
Деселектирај ги сите фотографии
Се враќа бројот исписи на сите фотографии на 0 (нула).
Изберете мемориски уред
Изберете го уредот од којшто сакате да вчитате фотографии.
Опции на менито со поставки за хартијата и печатењето
П. за х.
изберете го изворот на хартија што сакате да го користите. Изберете за да ги изберете големината и типот на хартијата.
Поставка на рабови
Без рабови:
Печати без маргини околу рабовите. Податоците за печатење се зголемуваат малку повеќе од големината на хартијата така што не се печатат маргини долж рабовите на хартијата.
Со раб:
Печати со бели маргини околу рабовите.
Проширување
Со печатењето без рамка сликата се зголемува малку за да се отстранат рамките од рабовите на хартијата. Изберете колку да се зголеми сликата.
Совпадни во рамка
Ако соодносот ширина/висина на податоците за сликата и на големината на хартијата се разликува, сликата автоматски се зголемува или намалува така што кратките страни на сликата се совпаѓаат со кратките страни на хартијата. Долгата страна на сликата ќе се исече ако продолжува надвор од долгата страна на хартијата. Оваа функција може да не функционира за фотографиите во панорама.
Квалитет
Изберете го квалитетот на печатење. Ако изберете Високо се добива печатење со повисок квалитет, но брзината на печатење може да се намали. Ако сакате да печатите на обична хартија користејќи многу повисок квалитет, изберете Најдобро. Имајте предвид дека брзината на печатење може значително да се намали. Ако сакате да печатите на Epson Ultra Glossy Photo Paper користејќи многу повисок квалитет, изберете Најдобро (Ултрасјајна). Имајте предвид дека брзината на печатење може значително да се намали.
Датум
Изберете го форматот што се користи за печатење на датумот на фотографиите за фотографии што го вклучуваат датумот кога биле направени фотографиите или датумот кога биле зачувани. Датумот не се печати за некои распореди.
Печати инфо. На фотографиите
Исклучено:
Печати без никакви информации.
Поставки на камера:
Печати со некои Exif информации, како на пример брзина на отворачи, f-сооднос или ISO чувствителност. Незачуваните инфорамции не се печатат.
Текст на камера:
Печати текст на дигиталната камера. За информации за поставките за текст, видете во документацијата испорачана со камерата. Информациите може да бидат отпечатени со печатење за рамки на 10×15 см, 13×18 см или големина на ширина од 16:9.
Знаменитост:
Печати име на местото или обележјето каде што е снимена фотографијата за дигитални камери коишто ја имаат функцијата за обележје. Видете ја интернет страницата на производителот на камерата за повеќе информации. Информациите може да бидат отпечатени со печатење за рамки на 10×15 см, 13×18 см или големина на ширина од 16:9.
Бриши ги пост.
Ги ресетира поставките за хартија и печатење на нивните стандардни вредности.
Густина на CD етикетите
За CD/DVD печатење. Одредете ја густината за печатење на диск.
Густина
За печатење на боенка. Изберете го нивото на густина за рамките на листот за боење.
Откривање на линии
За печатење на боенка. Изберете ја чувствителноста користена на детектираните рамки на фотографијата.
Опции на менито за уредување фотографии
Зумирај/Ротирај
Се приспособува областа за сечење. Може да ја поместите рамката во областа којашто сакате да ја исечете или променете ја големината на рамката со лизгање на аглите. Може и да ја ротирате рамката.
Филтер
Печати во сепија или еднобојно.
Подобри
Изберете една од опциите за прилагодување на сликата. Автоматски, Луѓе, Пејсаж, или Ноќна сцена прави поостри слики и поживи бои со автоматско приспособување на контрастот, заситеноста и осветленоста на податоците од изворната слика.
Автоматски:
Печатачот ја детектира содржината на сликата и автоматски ја зголемува сликата според детекираната содржина.
Луѓе:
Се препорачува за слики на луѓе.
Пејсаж:
Се препорачува за слики од пејзажи или природа.
Ноќна сцена:
Се препорачува за слики од ноќни сцени.
Искл. подобрув.:
Ја исклучува функцијата Подобри.
Попр. црв. око
Го поправа ефектот на црвени очи во фотографиите. Корекциите не се применуваат на изворната датотека, туку само на отпечатените примероци. Во зависност од видот на фотографијата, можат да се поправат и други делови од сликите освен очите.
Осветленост
Ја прилагодува осветленоста на сликата.
Констраст
Ја прилагодува разликата меѓу осветленоста и затемнетоста.