Чистење на ADF

Кога копираните или скенираните слики од ADF се замачкани или оригиналите не влегуваат во ADF правилно, исчистете го ADF.

Важно:

Никогаш не употребувајте алкохол или разредувач за чистење на печатачот. Тие хемикалии може да го оштетат печатачот.

  1. Отворете го ADF-капакот.

  2. Користете мека, влажна крпа за да ги исчистите валјакот и внатрешноста на ADF.

    Важно:
    • Користењето сува крпа може да доведе до оштетување на површината на валјакот.

    • Користете го ADF откако ќе го исушите валјакот.

  3. Затворете го ADF-капакот, а потоа отворете го капакот за документи.

  4. Исчистете го делот што е прикажан на илустрацијата.

    Повторете го чистењето сè додека не остане ниту трага од нечистотијатата.

    Важно:
    • Откако ќе ја исчистите нечистотијата, избришете ја целата преостаната течност.

    • Ако стаклената површина е измачкана со маст или некој друг материјал што тешко се отстранува, земете малку средство за чистење стакло и мека крпа и отстранете ја нечистотијата.

    • Не притискајте ја стаклената површина пресилно.

    • Внимавајте да не ја изгребете или оштетите површината на стаклото. Оштетена стаклена површина може да го намали квалитетот на скенирањето.

    Белешка:

    Ако се појави црна линија при копирање од ADF, може да е валкана локацијата (B) прикажана на илустрацијата.

    Ставете го резултатот од копирањето на стаклото на скенерот и избришете ја нечистотијата на површината на стаклото во точката што се протега од местото каде што се појавува црната линија во резултатот од копирањето. Задолжително избришете ја истата точка и на спротивната површина.

    (A) Резултатот од копирањето каде што се појавила црната линија, (B) положбата со нечистотијата