> Ставање оригинали > Ставање оригинали

Ставање оригинали

Ставете ги оригиналите на стаклото на скенерот или на ADF.

Може да ставите повеќе оригинали во ADF. Ако е достапно автоматско двострано скенирање, може истовремено да ги скенирате двете страни на оригиналите. Погледнете го линкот подолу за спецификации за ADF.

Спецификации за ADF

Следете ги чекорите подолу за да го видите видеото за ставање оригинали.

Изберете , а потоа изберете Како да > Ставете оригинали. Изберете го начинот на ставање оригинали што сакате да го видите. Изберете Заврши за да го затворите екранот со анимации.

Кога го користите стаклото на скенерот
Внимание:

Внимавајте капакот за документи да не ви ги фати прстите кога го затворате. Во спротивно, може да се повредите.

Важно:
  • Кога ставате крупни оригинали, како на пр. книги, погрижете се стаклото на скенерот да не биде изложено на директна надворешна светлина.

  • Не притискајте пресилно врз стаклото на скенерот или врз капакот за документи. Во спротивно, може да се оштетат.

Белешка:
  • Ако има остатоци или нечистотија на стаклото на скенерот, опсегот на скенирање може да се прошири и да ги опфати, па сликата од оригиналот може да се измести или да се намали. Пред да скенирате, отстранете ги остатоците и нечистотиите од стаклото на скенерот.

  • Не се скенира просторот од 1,5 mm од рабовите на стаклото на скенерот.

  • Кога се ставени оригинали во ADF и на стаклото на скенерот, приоритет имаат оригиналите во ADF.

  • Некои големини може да не се детектираат автоматски. Во тој случај, рачно изберете ја големината на оригиналите.

  • Ако ги оставите оригиналите на стаклото на скенерот долго време, може да се залепат за површината на стаклото.

При користење на ADF
Важно:
  • Не ставајте оригинали над линијата покажана со знакот триаголник на ADF-граничникот.

  • Не додавајте оригинали додека скенирате.

Белешка:

Некои големини може да не се детектираат автоматски. Во тој случај, рачно изберете ја големината на оригиналите.