Ажурирање на фирмверот на печатачот користејќи ја контролната табла

Ако печатачот може да се поврзе на интернет, може да го ажурирате фирмверот на печатачот користејќи ја контролната табла. Може да го поставите печатачот редовно да проверува за ажурирања на фирмверот и да ве извести ако се достапни.

  1. Изберете Поставки на почетниот екран.

  2. Изберете Општи поставки > Администрир. на систем > Ажурирање на фирмвер > Ажурирај.

    Белешка:

    Изберете Известување > Вкл. за да поставите печатачот редовно да проверува дали се достапни ажурирања за фирмверот.

  3. Проверете ја пораката прикажана на екранот и започнете да пребарувате достапни ажурирања.

  4. Ако на LCD-екранот се прикаже порака што ве известува дека е достапно ажурирање за фирмверот, следете ги инструкциите на екранот за да го започнете ажурирањето.

    Важно:
    • Не исклучувајте го печатачот и не вадете го неговиот кабел за напојување пред да заврши ажурирањето; во спротивно, печатачот може да не работи правилно.

    • Ако ажурирањето на фирмверот не е завршено или е неуспешно, печатачот не се вклучува нормално, а следниот пат кога ќе го вклучите печатачот, на LCD-екранот се прикажува „Recovery Mode“. Во оваа ситуација, потребно е повторно да го ажурирате фирмверот со користење на компјутер. Поврзете го печатачот со компјутерот со USB-кабел. Додека се прикажува „Recovery Mode“ на печатачот, не може да го ажурирате фирмверот на мрежна конекција. На компјутерот, отворете ја локалната интернет страница на Epson и преземете ја најновата верзија на фирмвер за печатачот. Погледнете ги упатствата на интернет страницата за следни чекори.