Прочитајте ги следниве инструкции пред да дополнувате мастило.
Не изложувајте ги шишињата со мастило на директна сончева светлина.
Не чувајте ги шишињата со мастило на високи или екстремно ниски температури.
Откако ќе донесете шише со мастило внатре од студен магацин, оставете да се стопли до собна температура барем три часа пред да го употребите.
Откако ќе го отворите шишето со мастило, ви препорачуваме да го користите што е можно побргу.
Epson препорачува користење на шишето со мастило пред датумот испечатен на пакувањето.
Не отворајте го пакувањето на шишето додека не ви треба за да го наполните резервоарот за мастило.Шишето со мастило е спакувано вакуумски за да се одржи сигурноста.Ако оставите шише со мастило распакувано подолго време пред да го употребите, може да не биде возможно нормално печатење.
Кога складирате или превезувате шише со мастило, не навалувајте го шишето и не подложувајте го на удари или промени на температурата.Инаку може да протече мастило дури и кога капачето на шишето со мастило е цврсто затворено.Внимавајте шишето со мастило да биде исправено кога го затворате капачето и преземете мерки да не протекува мастило кога го превезувате шишето, на пример кога го ставате шишето во торба.
Со мастилото за овој печатач мора да се ракува внимателно. Мастилото може да испрска кога резервоарот за мастило се полни или се дополнува. Ако ви капне мастило на облеката или некој предмет, може да не се извади.
Користете шишиња со мастило со правилна шифра на дел за печатачот.
Не тресете премногу силно и не притискајте ги шишињата со мастило.
За најдобри резултати на печатење, не одржувајте ниски нивоа на мастило за продолжени временски периоди.
За да се добијат оптимални резултати од печатењето, дополнувајте го резервоарот за мастило до горната линија најмалку еднаш годишно.
За печатење со првокласен квалитет и за да ја заштитите главата за печатење, во касетите останува различна безбедносна резерва мастило кога печатачот покажува дека треба да се дополни мастило.Наведените страници што може да се испечатат не ја вклучуваат резервата.
За да се одржат оптимални перформанси на главата за печатење, дел од мастилото се троши од резервоарот за мастило при постапките за одржување, како на пр. чистењето на главата за печатење. Исто така, може да се троши мастило и кога го вклучувате печатачот.
Мастилото во шишето со мастило испорачано со печатачот е делумно искористено при првичното поставување.За да се произведат висококвалитетни отпечатоци, главата за печатење на печатачот се полни целосно со мастило.Овој еднократен процес троши извесно количество мастило и затоа ова шише може да испечати помалку страници во споредба со следните шишиња со мастило.
Наведените количини може да се разликуваат во зависност од сликите што ги печатите, типот хартија што го користите, зачестеноста на печатење и надворешните услови, како што е температурата.