Решенија
Уверете се дека е инсталиран оригинален двигател за печатач на Epson (EPSON XXXXX). Ако не е инсталиран оригинален двигател за печатач на Epson, функциите се ограничени. Ви препорачуваме да го користите оригиналниот двигател за печатач на Epson.
Ако печатите голема слика со многу податоци, компјутерот може да нема доволно меморија. Отпечатете ја сликата со пониска резолуција или со помала големина.
Ако сте се обиделе со сите решенија и не сте го решиле проблемот, обидете се да го деинсталирате и повторно да го инсталирате двигателот за печатачот.
Можно е да го отстраните проблемот така што ќе го ажурирате софтверот на најновата верзија. За да го проверите статусот на софтверот, користете ја алатката за ажурирање на софтвер.
Решенија
Кликнете на EPSON Status Monitor 3 во картичката Одржување на двигателот за печатачот, а потоа проверете го статусот на печатачот. Ако EPSON Status Monitor 3 е оневозможено, кликнете Проширени поставки во картичката Одржување, а потоа изберете Вклучи EPSON Status Monitor 3.
Решенија
Кликнете на Ред. за печатење во картичката Одржување на двигателот за печатачот. Ако останат непотребни податоци, изберете Откажи ги сите документи од менито Печатач.

Решенија
Кликнете на Ред. за печатење во картичката Одржување на двигателот за печатачот.
Ако печатачот е исклучен или чека наредба, избришете ја поставката за исклучен или чека наредба во менито Печатач.

Решенија
Кликнете со десното копче на иконата за печатач во Контролна табла > Преглед на уреди и печатачи (или Печатачи, Печатачи и факсови) и кликнете Поставете како стандарден печатач.
Ако има икони за повеќе печатачи, погледнете го следново за да го изберете соодветниот печатач.
Пример)
USB-врска: EPSON XXXX Series
Мрежна врска: EPSON XXXX Series (мрежа)
Ако го инсталирате двигателот за печатачот повеќе пати, може да се создадат копии од двигателот за печатачот. Ако се создадат копии како што се „EPSON XXXX Series (copy 1)“, кликнете со десното копче на иконата за копираниот двигател, а потоа кликнете Далечински уред.
Решенија
Кликнете на Ред. за печатење во картичката Одржување на двигателот за печатачот.
Погрижете се портата за печатачот да биде правилно поставена како што е прикажано подолу во Својства > Порта од менито Печатач.
USB-врска: USBXXX, мрежна врска: EpsonNet Print Port