Пробајте со решавање на следниве проблеми по ред, почнувајќи од врвот, додека не го решите проблемот.
Погрижете се типот на хартијата ставена во печатачот и типот на хартијата одредена на печатачот да соодветствуваат со поставките за типот на хартијата во двигателот за печатачот.
Користете поставка за повисок квалитет во контролната табла или во двигателот за печатачот.
Порамнете ја главата за печатење.
Извршете проверка на прскалките за да видите дали прскалките на главата за печатење се затнати.
Ако недостасуваат сегменти во шаблонот за проверка на прскалките, прскалките можеби се затнати. Наизменично повторувајте ги чистењето на главата и проверката на прскалките 3 пати, па проверете дали прскалките се исчистени.
Имајте предвид дека за чистењето на главата за печатење се троши одредено количество мастило.
Исклучете го печатачот, почекајте најмалку 12 часа, а потоа проверете дали прскалките се исчистени.
Ако прскалките се затнати, проблемот можеби ќе се реши и ако го оставите печатачот одредено време без да печатите.
Проверете го следново додека печатачот е исклучен.
Проверете дали користите оригинални шишиња со мастило Epson.
Обидете се да користите оригинални шишиња со мастило Epson. Користењето неоригинални шишиња мастило може да предизвика послаб квалитет на печатењето.
Проверете дали проѕирната фолија е замачкана.
Ако има замачкувања на проѕирната фолија, внимателно избришете ги.
Погрижете се да нема остатоци од хартија во внатрешноста на печатачот.
Кога ја вадите хартијата, не допирајте ја проѕирната фолија со раката или со хартијата.
Проверете ја хартијата.
Проверете дали хартијата е извиткана или внесена со страната за печатење свртена нагоре.
Ако го исклучите печатачот, почекајте најмалку 12 часа, па ако квалитетот на печатењето сѐ уште не се подобрува, извршете Интензивно чистење.
Ако не можете да го решите проблемот со решенијата наведени погоре, можеби ќе треба да побарате сервисирање. Контактирајте со службата за техничка поддршка на Epson.