Проверете ја IP-адресата на печатачот.
Изберете ја иконата за мрежа на почетниот екран на печатачот и изберете го активниот начин на поврзување за да ја потврдите IP-адресата на печатачот.
Може да ја проверите IP-адресата така што ќе отпечатите извештај за мрежната врска.
Активирајте веб-прелистувач од компјутер или паметен уред, а потоа внесете ја IP-адресата на печатачот.
Формат:
IPv4: http://IP-адресата на печатачот/
IPv6: http://[IP-адресата на печатачот]/
Примери:
IPv4: http://192.168.100.201/
IPv6: http://[2001:db8::1000:1]/
Со паметниот уред може да ја стартувате и Web Config од екранот со информации за производот на Epson Smart Panel.
Бидејќи печатачот користи самопотпишан сертификат кога пристапува до HTTPS, во прелистувачот се прикажува предупредување кога ќе ја стартувате Web Config; ова не укажува на проблем и може слободно да го игнорирате.