Ако отпечатениот примерок не се подобрува откако ќе ја порамните главата за печатење или ќе ја исчистите патеката на хартијата, можеби проѕирната фолија во внатрешноста на печатачот е замачкана.
Потребни работи:
Чепкалки за уши (неколку)
Вода со неколку капки детергент (2 до 3 капки детергент во 1/4 шолја вода од чешма)
Светло за проверки на замачкувања
Не користете друго средство за чистење освен вода со неколку капки детергент.
Исклучете го печатачот со притискање на копчето
.
Отворете го скенерот.

Проверете дали проѕирната фолија е замачкана. Може лесно да ги видите замачкувањата ако користите светилка.
Ако има замачкувања (како на пример траги од прсти или маст) на проѕирната фолија (А), одете на следниот чекор.

А: проѕирна фолија
B: шина
Внимавајте да не ја допрете шината (В). Ако ја допрете, можеби нема да можете да печатите. Не бришете ја маста од шината затоа што е потребна за функционирање.
Навлажнете чепкалка за уши со водата со неколку капки детергент, но внимавајте да не капе вода од неа и избришете го замачканиот дел.

Нежно избришете го замачканиот дел. Ако притиснете премногу силно на фолијата со чепкалката за уши, пружините на фолијата може да се изместат и да се оштети печатачот.
Користете нова, сува чепкалка за уши за да ја избришете фолијата.
Не оставајте влакна на фолијата.
Често менувајте ја чепкалката за уши со нова за да не се прошири замачкувањето.
Повторувајте ги чекорите 4 и 5 додека да ги исчистите замачкувањата од фолијата.
Визуелно проверете дали има замачкувања на фолијата.