> Одржување на печатачот > Чистење на печатачот

Чистење на печатачот

Ако на надворешното куќиште на печатачот има нечистотија или прашина, исклучете го печатачот и исчистете го со мека, чиста и влажна крпа. Ако не можете да ја отстраните нечистотијата, пробајте со мека, чиста и влажна крпа, навлажнета со благ детергент.

Важно:
  • Внимавајте да не навлезе вода во механизмот на печатачот или во електричните компоненти. Во спротивно, печатачот може да се оштети.

  • Никогаш не користете алкохол или разредувач на боја за да ги чистите компонентите и куќиштето. Овие хемикалии може да ги оштетат.

  • Не допирајте ги белиот плоснат кабел, проѕирната фолија и цевките за мастило што се наоѓаат во печатачот. Така може да предизвикате дефект.