Поврзување со уреди со Android со помош на Wi-Fi Direct

Овој начин ви овозможува да го поврзете печатачот директно со уредот со Android без безжичен рутер. За да ја користите функцијава, потребно е да бидат исполнети следниве услови.

  • Android 4.4 или понова верзија

  • Апликација за печатење Epson за Android.

    Примери за апликации за печатење Epson

    Прво инсталирајте ја апликацијата за печатење Epson на паметниот уред.

Белешка:

Потребно е само еднаш да ги одредите овие поставки за печатачот и за паметниот уред што сакате да го поврзете. Нема да треба повторно да ги одредувате овие поставки, освен ако оневозможите Wi-Fi Direct или ако ги вратите мрежните поставки на стандардните.

  1. Допрете на почетниот екран.

  2. Допрете Wi-Fi Direct.

  3. Допрете Започни со поставување.

  4. Допрете Android.

  5. На паметниот уред, вклучете ја апликацијата за печатење Epson.

  6. Во екранот на апликацијата за печатење Epson, допрете Printer is not selected.

    На Epson Smart Panel, паметниот уред автоматски се поврзува со печатачот кога ќе се стартува.

  7. Изберете го печатачот со којшто сакате да се поврзете.

    За да го изберете печатачот, погледнете ги информациите прикажани на контролната табла на печатачот.

    Белешка:

    Во зависност од уредот со Android, печатачите може да не се прикажуваат. Ако печатачите не се прикажуваат, поврзете се со избирање Други OS уреди. За поврзување, погледнете го линкот со поврзани информации подолу.

  8. Кога ќе се прикаже екранот за одобрување на поврзувањето на уредот, изберете Одобри.

  9. На контролната табла на печатачот, изберете Свршено.

За паметни уреди што биле претходно поврзани со печатачот, изберете го името на мрежата (SSID) на Wi-Fi екранот на паметниот уред за да ги поврзете повторно.