> Ставање хартија > Поставки за големина и тип на хартијата

Поставки за големина и тип на хартијата

Не заборавајте да ги регистрирате големината и типот на хартијата на екранот што се прикажува кога ќе ја ставите хартијата. Печатачот ве известува кога регистрираните информации и поставките за печатење се разликуваат. Со ова се спречува непотребно трошење на хартијата и мастилото бидејќи не печатите на хартија со несоодветна големина, но и не печатите со недоволен квалитет на печатењето поради поставки што не се соодветни за типот на хартијата.

Ако прикажаната големина и типот на хартијата се разликуваат од оние на ставената хартија, изберете Смени за да извршите промени. Изберете ги големината и типот на хартијата, проверете ги поставките, а потоа притиснете го копчето OK. Ако поставките се соодветни за ставената хартија, изберете Потврди.

Белешка:

Ако не сакате автоматски да се прикажува екранот со поставки за хартијата кога ставате хартија, изберете ги менијата на почетниот екран како што е опишано подолу.

Поставки > Поставување на печатачот > Пост. за изв. хар. > Ав. при. на пос. хар. > Исклучено.