Алатката Засилено миење на мастило овозможува замена на сето мастило во цевките за мастило. Во следниве ситуации, можно е да треба да ја користите оваа функција за да го подобрите квалитетот на печатење.
Сте печатиле или извршиле чистење на главата кога нивоата на мастило биле премногу ниски за да бидат видливи во прозорците на резервоарот за мастило.
Сте извршиле проверка на прскалките и чистење на главата 3 пати или сте извршиле Интензивно чистење еднаш и сте почекале најмалку 12 часа без да печатите, а потоа повторно сте извршиле проверка на прскалките, но квалитетот на печатење и понатаму не се подобрува.
Пред да ја акивирате оваа функција, прочитајте ги следниве упатства.
Уверете се дека има доволно мастило во резервоарот за мастило.
Визуелно проверете дали резервоарот за мастило е полн барем до третина. Ниските нивоа на мастило за време на Засилено миење на мастило може да доведат до оштетување на производот.
Потребен е интервал од 12 часа помеѓу секое Засилено миење на мастило.
Норамлно, едно Засилено миење на мастило треба да го отстрани проблемот со квалитетот на печатење во рок од 12 часа. Од таа причина, за да избегнете непоребно користење на мастило, мора да почекате 12 часа пред да се обидете повторно.
Можно е да биде потребна замена на кутија за одржување.
Мастилото ќе биде исфрлено во кутијата за одржување.Ако се наполни, мора да ја подготвите и да ја инсталирате кутијата за одржување за да продолжите со печатење.
Кога нивоата на мастило или слободниот простор во кутијата за одржување се недоволни за Засилено миење на мастило, не може да ја активирате оваа функција. Дури и во овој случај, нивоата и слободниот простор за печатење може да останат.
Изберете Одржување на контролната табла на печатачот.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Изберете Засилено миење на мастило.
Следете ги инструкциите на екранот за да ја активирате функцијата Засилено миење на мастило.
Ако не може да ја активирате оваа функција, решете ги проблемите прикажани на екранот. Потоа, следете ја оваа процедура од чекор 1 за повторно да ја активирате функцијата.
Откако ќе ја активирате оваа функција, извршете проверка на прскалките за да се погрижите дека прскалките не се затнати.
За детали околу тоа како да ја извршите проверката на прскалките, погледнете го линкот со поврзани информации подолу.
Ако квалитетот на печатењето не се подобрува откако ќе извршите Засилено миење на мастило, почекајте барем 12 часа без печатење, а потоа повторно извршете проверка на прскалките. Препорачуваме да се исклучи печатачот. Ако и понатаму не се подобрува, контактирајте со службата за поддршка на Epson.
Може да извршите Засилено миење на мастило и преку двигателот за печатачот.
Windows
Кликнете Засилено миење на мастило во картичката Одржување
Mac OS
Мени Apple > Системски претпочитани вредности > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс) > Epson(XXXX) > Опции и производи > Услужна програма > Отвори ја услужната програма за печатачот > Силно пуштање мастило