Се прикажува следниов почетен екран кога ќе го вклучите печатачот или ќе го притиснете копчето
на контролниот панел. Лесно може да копирате и печатите со префрлување на менито и избирање на опцијата што ви треба.
|
Ви овозможува да копирате документи. |
|
Ви овозможува да скенирате документи и да ги зачувувате на компјутер. |
|
Ви овозможува да скенирате документи и да ги зачувувате на компјутер користејќи ја функцијата WSD. |
|
Ја прикажува поставката за Тивок режим со којашто може да ја намалите бучавата што ја прави печатачот. Меѓутоа, ако го овозможите ова, може да се намали брзината на печатење. Во зависност од типот на хартија и избраните поставки за квалитет на печатење, можно е да нема разлика во нивото на бучава на печатачот. |
|
Ви овозможува да одредувате поставки за одржувањето, за печатачот и за работењето. |
|
Се прикажува екранот за Помош. Може да ги прегледате упатствата за работење или решенијата за проблемите. |
|
Ги прикажува менијата препорачани за подобрување на квалитетот на отпечатениот материјал, на пр. одзатнување на прскалките со печатење шаблон за проверка на прскалките и чистење на главата за печатење, како и отстранување на заматувањето и пругите во отпечатениот материјал со порамнување на главата за печатење. |
|
Обезбедува решенија кога не можете да печатите според очекуваното. |
|
Изберете ги големината и видот на хартијата што сте ги ставиле во изворот на хартија. |
|
Ги прикажува менијата со коишто може да го поставите печатачот за употреба на безжична мрежа. |