Овие поставки може да ги одредите од Копирај > Повеќе на почетниот екран.
Повеќе Опции на мени за копирање
Бројот на копии
Внесете го бројот на копии.
Копирај ID картичка
Ги скенира двете страни на личната карта и копира на една страна на хартијата.
Поставки
Се прикажува екранот за поставки за печатење. За да ги промените поставките, притиснете го копчето .
Густина
Зголемете го нивото на густина кога резултатите од копирањето се бледи. Намалете го нивото на густина кога мастилото се размачкува.
П. за х.
Изберете ги големината и типот на хартијата што ја ставивте.
Намали/Зголеми
Го конфигурира соодносот на зголемување за зголемувањето или намалувањето. Изберете го зголемувањето од менито според хартијата и оригиналот што сакате да ги испечатите.
Автоматско приспособување :
Ја открива областа за скенирање и автоматски го зголемува или го намалува оригиналот за да одговара на големината на избраната хартија.
Приспособ. големина
Го означува употребеното зголемување за да го зголемите или за да го намалите оригиналот во рамки на опсег од 25 до 400 %.
Г. на о.
Изберете ја големината на оригиналот. Кога копирате оригинали со нестандардна големина, изберете ја големината којашто најмногу одговара на оригиналот.
По. стр.
Изберете го изгледот за копирање.
Ед. ст.
Копира едностран оригинал на еден лист.
2 наго.
Копира два еднострани оригинали на еден лист со двостран изглед. Изберете го редоследот на изгледот и ориентацијата на оригиналот.
Квалитет
Изберете го квалитетот за копирањето. Ако изберете Високо се добива печатење со повисок квалитет, но брзината на печатење може да се намали.