На LCD-екранот се прикажува код ако има грешка или информации на коишто треба да обрнете внимание. Ако се прикажува код, следете ги решенијата подолу за да го решите проблемот.
|
Код |
Ситуација |
Решенија |
|---|---|---|
|
E-01 |
Се појави грешка на печатачот. |
Отворете ги внатрешниот капак и скенерот, а потоа извадете ја хартијата или заштитниот материјал од внатрешноста на печатачот. Исклучете го, па вклучете го напојувањето. |
|
E-02 |
Се појави грешка на скенерот. |
Исклучете го, па вклучете го напојувањето. |
|
E-13 |
Подлога за мастило го достигна крајот на својот работен век. Контактирајте со Epson поддршка. |
Треба да го замените перничето за мастило*. Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило. Не е дел што може да го замени корисникот. Ако перничето за мастило го достигнало крајот на својот работен век, повеќе нема да можете да вршите чистење. Печатењето може да се изврши, но квалитетот на отпечатениот материјал не може да се гарантира. |
|
W-01 |
Хартијата е заглавена. |
За да ја отстраните грешката, извадете ја хартијата од печатачот и притиснете го копчето прикажано на дното на LCD-екранот. Во некои случаи, треба да го исклучите па да го вклучите напојувањето. |
|
W-15 |
Подлога за мастило се приближува кон крајот на својот работен век. Контактирајте со Epson поддршка. |
Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило. Не е дел што корисникот може да го сервисира. Проверете ја пораката прикажана на компјутерот, а потоа притиснете го копчето прикажано на дното на LCD-екранот за да ја отстраните грешката. Ако перничето за мастило го достигнало крајот на својот работен век, повеќе нема да можете да вршите чистење. Печатењето може да се изврши, но квалитетот на отпечатениот материјал не може да се гарантира. |
|
I-22 |
Поставете Wi-Fi од Копче за притискање (WPS). |
Притиснете го копчето на точката за пристап. Ако нема копче на точката за пристап, отворете го прозорецот за поставки на точката за пристап и кликнете го копчето прикажано во софтверот. |
|
I-23 |
Поставете Wi-Fi од PIN-код (WPS). |
Внесете го PIN-кодот прикажан на LCD-екранот во точката на пристап или компјутерот во рок од две минути. |
|
I-31 |
Поставете Wi-Fi од Wi-Fi авто. поврз.. |
Инсталирајте го софтверот на компјутерот и притиснете го копчето OK кога ќе започне поставувањето на Wi-Fi. |
|
I-41 |
Ав. при. на пос. хар. е деактивирана. Некои функции не може да се користат. |
Ако Ав. при. на пос. хар. е оневозможено, не може да користите AirPrint. |
|
I-60 |
Компјутерот може да не поддржува WSD (веб-услуги за уреди). |
Функцијата за скенирање на компјутер (WSD) е достапна само за компјутерите на коишто се инсталирани англиски верзии на Windows 10, Windows 8.1, Windows 8, Windows 7 или Windows Vista. Уверете се дека печатачот е правилно поврзан со компјутерот. |
|
I-71 |
Печатачот чека оригиналот да се стави на стаклото на скенерот. |
Ставете го оригиналот (личната карта) на стаклото на скенерот со предната страна свртена надолу, а потоа затворете го капакот за документи. Притиснете го копчето Ставете го оригиналот (личната карта) на стаклото на скенерот со задната страна свртена надолу, а потоа затворете го капакот за документи. Притиснете го копчето |
|
- |
Иск. го и пов. вкл. го нап. Ако про. прод., кон. со Epson поддршка. |
Обидете се со следниве решенија. 1. Исклучете го печатачот и повторно вклучете го. 2. Ако користите Wi-Fi врска, исклучете го безжичниот рутер и повторно вклучете го. Ако сè уште се прикажува пораката за грешка, запишете го кодот за грешка, а потоа контактирајте со службата за поддршка на Epson. |
|
Recovery Mode |
Печатачот стартуваше во режим за поправање затоа што ажурирањето на фирмверот не успеа. |
Следете ги чекорите подолу за повторно да се обидете да го ажурирате фирмверот. 1. Поврзете ги компјутерот и печатачот со USB-кабел. (Во режимот за поправање, не може да го ажурирате фирмверот преку мрежна врска.) 2. За дополнителни инструкции, посетете ја веб-локацијата на локалното претставништво на Epson. |
* Во некои циклуси од печатењето може да се собере многу мала количина вишок мастило на перничето за мастило. Освен што користи кутија за одржување, ова перниче за мастило го апсорбира отпадното мастило што се исфрла при користење на печатачот. Кога перничето ќе го достигне крајот на својот работен век, не може да се изврши чистење додека не се замени перничето. Дали и колку често ова ќе треба да се направи зависи од бројот на отпечатени страници на печатачот, видот на материјалот за печатење и бројот на циклуси на чистење на печатачот. Потребата да се замени перничето не значи дека печатачот престанал да работи, согласно неговите спецификации. Печатачот ќе ве извести кога треба да се замени перничето, а тоа треба да го направи само овластена сервисна служба на Epson. Со гаранцијата на Epson не се покриваат трошоците за оваа замена.